Напната ситуација меѓу курдските и екстремистичките сили во сириски затвор

epa09706941 Fighters of the Syrian democratic forces (SDF) take up position during a military search operation in Hasaka, northeastern Syria, 24 January 2022. Islamic State group fighters attacked Ghweran and al-Shaddadi prisons in al-Hasaka on 20 January 2022, to break thousands of its affiliates out of the prison. EPA-EFE/AHMED MARDNLI

 

Курдските сили, поддржани од САД, денеска се обидуваат да го стеснат обрачот околу екстремистите кои се забарикадираа во дел од затвор во североисточна Сирија и да стават крај на петтдневниот конфликт во тој објект без натамошно крвопролевање.

Повеќе од сто членови на терористичката група Исламска држава во четвртокот со камиони со експлозиви и тешко оружје го нападнаа затворот Гвајран во североисточниот сириски град Хасака, еден од најголемите затвори во кои се држат екстремистите во Сирија.

– Курдските сили се обидуваат да го стеснат обрачот околу екстремистичките борци кои се издвоија во северниот дел на затворот, изјави за АФП Рами Абдел Рахман, директор на сириската невладина организација Опсерваторија за човекови права, пренесува Бета.

Според новиот биланс на состојба објавен денеска од Опсерваторијата, во петдневната борба меѓу курдските сили и екстремистите загинале 166 лица – 114 екстремисти, 45 курдски борци и седум цивили.

Рахман рече дека Курдите спроведуваат операција за чистење и дека полека напредуваат низ затворот, плашејќи се дека борците на ИД се кријат во зградата.

Некои од затворениците, кои се од редовите на ИД во затворот во последните часови со автобус се префрлени во други притворни центри, но не е прецизирано колкумина од нив останале во затворот.

Неколку малолетници кои биле во затворот вчера биле префрлени во други центри, соопшти Опсерваторијата.

– Ако не се склучи договорот за размена, ќе има масакр, стотици луѓе ќе бидат убиени, оцени Рахман.

Сириските демократски сили (СДФ), меѓу кои мнозинството се Курди, не ја потврдија информацијата дека борците на Исламската држава држат неколку затворски чувари во заробеништво.

СДФ дејствува со воздушна поддршка на меѓународната коалиција предводена од САД. Тие сили распоредија елитни единици и оклопни возила во и околу затворот Гвајран. Зградата на затворот е поранешно училиште кое е претворено во притворен центар.

Back to top button
Close