Наредната недела официјална промоција на книгата „Тетовскиот говор“ од Дарко Гавровски

– Наредната недела ќе се одржи официјална промоција на книгата „Тетовскиот говор-енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ која во јануари излезе од печат, а чиј автор Дарко Гавровски ја презентираше преку социјалните медиуми и новинарски интервјуа и известувања. Промоцијата е закажана за среда 15 јули од 20 часот во новата управна зграда на Музејот на тетовски крај.

Пишувана e долги низ години од срце, со посветено должно внимание на секој детал. Посветено половина мој живот како подарок за нашите предци и аманет за нашите наследници. Енциклопедијата е поткрепена со историски податоци, граматика на говорот и речник од 9169 зборови, проследено со фотографии, графикони, мапи и слично, изјави авторот Дарко Гавровски.

На промоцијата покрај авторот ќе се осврнат и промоторите писателот Јован Дамјановски и диригентот Ивица Зориќ. Ќе настапи тетовско трио „Шербет“. Настанот ќе се одржи согласно важечките препораки за заштита од коронавирусот изречени од здравствените власти за отворен и затворен простор.

Back to top button
Close