Наш ли е?

Тие што умираат „наши“ ли се?
Џабе му е и на Венко Филипче што става профилни слики со маска и се слика со незадоволни медицински сестри кои бегаат во странство или во приватни болници, кога и во јавното здравство важи правилото „Дали е наш?“, а не важи „Дали е стручен?“.
Верувам дека и меѓу „нашите“ има многу стручни кои заслужуваат да бидат раководители, ама сепак многу повеќе се цени ако некој е „ептен наш“.
Така што, не е да им се лутиш ни на лекарите, ни на сестрите што си заминуваат од реномирани државни болници и покрај тоа што оваа Влада значајно им ги зголеми платите и вложува многу повеќе во условите за работа во јавното здравство отколку било која претходна влада од Тито навака. Ама, еден живот имаме. И глупаво е да поминеш дел од тој живот во расправија со шефот што го поставиле од партија не затоа што е најстручен, туку затоа што е „најнаш“. Никој што си ја сака работата и што сака да напредува не би го трпел тоа „наш е“, особено не, па уште и ако имаш професија за која има отворен повик за вработување.
Филипче солидно го менаџираше првиот бран од ковид кризата. Поради тоа дури и во изборната кампања го шетаа по митинзи да им го дига рејтингот на СДСМ, иако не беше на пратеничка листа. И така, сакал-не сакал, тој стана ликот на здравствениот систем. Така што сега, сакал- не сакал и сите утки на „нашите“ директори ќе паднат на негова сметка. Оти, нив никој не ги знае.
Ковид кризата, кога-тогаш ќе помине. Ама, баш ваквите партиски политики ќе го оштетат здравствениот систем повеќе од вирусот.
5Додека ние со хумористични досетки полемизираме дали треба да се носи маска на отворено или не, Европската унија во последниот извештај ни даде стратешка задача судството да ги врати украдените народни пари и да го конфискува имотот во судењата за висока корупција. Ние се секираме што ќе правиме со посните слави и мрсните гости, а во Брисел забележале дека уште не врти бројчаникот на Заев.
Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close