Наскоро можно е проширување на истрагата за „Беса транс“
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) наскоро ќе ја отвори и ќе ја прошири истрагата за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија во 2021 година, во која животот го загубија 45 луѓе, тврдат извори од Обвинителството за „Алсат“. Изворите од истражниот тим велат дека се работи во неколку насоки, а осомничени се службеници и поранешни раководни структури во Министерството за внатрешни работи и Министерството за транспорт и врски
Телевизијата неофицијално дознава дека Обвинителството веќе детектирало одговорност за одредени лица, но се работи на дополнително утврдување на мотивите и можните финансиски интереси за издавање и фалсификување на лиценци, можноста за премин на граница без контроли и само формално спроведени технички прегледи. Во оваа организирана структура, најмалку три лица наводно се наоѓаат во фокусот на ОЈО ГОКК како главни осомничени за трагичната несреќа од ноември 2021 година.