Настрадаа возач на мопед и мотоцикл во Скопје – се судрија со автомобили

МВР информира дека вчера попладне околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Благоја Стефковски“ и ул.„102“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Три часа подоцна, во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Ленинова“ со ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.В.(26) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје

Back to top button
Close