НАТО и Украина со договор за продлабочување на кибер соработката

НАТО потпиша договор за зајакнување на кибер поддршката за Украина, откакоо големиот хакерски напад врз Киев ги зголеми тензиите поради стравувањата дека Русија може да подготвува инвазија, пренесува БГНЕС.

– Ние работиме успешно со Украина веќе неколку години, обезбедувајќи клучни капацитети и разменувајќи знаење, рече Лудвиг Декампс, шеф на Агенцијата за комуникации и информации на НАТО.

– Според овој обновен договор, ќе ја продлабочиме нашата соработка со Украина за да ја поддржиме во модернизацијата на информатичката технологија и комуникациските услуги, истовремено идентификувајќи ги областите каде што може да биде потребна обука на нејзиниот персонал, појасни тој.

Амбасадорката на Украина во НАТО Наталија Галибаренко рече дека „со поддршка на НАТО, планираме да продолжиме да воведуваме современи информатички технологии и услуги во командниот и контролниот систем на вооружените сили на Украина“.

Кибер-нападот врз Украина минатата недела дојде во време кога се зголемија тензиите меѓу Москва и Западот поради тврдењата дека Кремљ можеби подготвува нова инвазија на соседната земја откако распореди околу 100.000 војници на границата. Западните сојузници предупредија дека на секоја копнена инвазија може да и претходи хакерски напад чија цел е да се оневозможи клучната инфраструктура во Украина.

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт вчера предупреди дека минатонеделниот кибер напад би можел да биде катастрофален и да влијае на повеќе организации отколку што првично се стравуваше. Мајкрософт соопшти дека продолжува да го анализира малициозниот софтвер и предупреди дека тоа може да доведе до нарушување на дигиталната инфраструктура на владата

Back to top button
Close