НАТО изрази солидарност со Бугарија во врска со дестабилизирачките активности на Русија

– Нашите сојузници од НАТО изразија солидарност со Бугарија во врска со дестабилизирачките активности на Русија на нејзина територија и ја повторија целосната поддршка за нејзиниот суверенитет, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е договорено денеска на состанокот на амбасадорите на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел.
На состанокот се сослушани претседателот на Бугарската државна агенција за национална безбедност и директорот на Воената разузнавачка служба на земјата, кои го запознаа Советот со откриените незаконски дејствија на руски граѓани на територијата на Република Бугарија од 2011 година.
Сите 29 членки на Алијансата дадоа поддршка на Бугарија.