Навивачите на Јувентус му се спротивставуваат на Алегри и го чекаат враќањето на Конте

 

Навивачите на Јувентус се незадоволни од настапот на тимот на натпреварот од 33. коло на италијанското првенство против Болоња, објави „Football Italia“.

Според изворот, многу навивачи му се спротивставуваат на главниот тренер на тимот Масимилијано Алегри. Навивачите бараат да се врати Антонио Конте, кој беше тренер на Јувентус од 2011 до 2014 година.

Тимот од Торино синоќа на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња спасувајќи се од пораз со гол во судиското надополнување кога гостите беа со двајца фудбалери помалку поради црвеникартони.

Јувентус е четврти во Серија А со 63 бода, осум помалку од лидерот Милан.

Back to top button
Close