Навивачите се враќаат на стадионите во финишот на Премиерлигата

Англиските фудбалски навивачи од 17 мај ќе можат да се вратат на стадионите во ограничен број, до максимум 10.000 луѓе.

Ова се предвидува со планот што британскиот премиер Борис Џонсон го достави денеска до пратениците, предлагајќи ублажување на рестриктивните мерки што се на сила во Велика Британија поради коронавирусот.

Владиниот план предвидува враќање на публиката на спортските натпреварувања на отворено од средината на мај до една четвртина од капацитетот на стадионите, но не повеќе од 10.000 луѓе.

Најавеното ублажувањето на анти-ковид мерките значи дека одреден број на гледачи ќе можат од трибините да ја проследат завршницата во Премиерлигата, во која последното коло треба да се игра на 23 мај.  

За спортските натпревари во сала, дозволениот максимален капацитет ќе биде до 1.000 гледачи.

Back to top button
Close