Наводната девојка на Путин под санкции на ЕУ

Таа е поранешна руска гимнастичарка и поранешна пратеничка во руската Дума. Таа е тесно поврзана со претседателот Владимир Путин. Таа е одговорна за поддршка на акциите и политиките кои ги поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, вели ЕУ

Photo: EPA PHOTO EFE/SERGIO BARRENECHEA
Во новиот пакет санкции, ЕУ ја смести и Алина Кабаева, поранешна руска гимнастичарка и пратеничка, како и наводната девојка на рускиот претседател Владимир Путин, јави Би-би-си.

Кабаева во јавноста повеќе години е позната како партнерка на Путин додека тој, пак, експлицитно негираше дека е во врска со поранешната гимнастичарка, освојувачка на олимписки, светски и европски медали.

ЕУ наведува дека Кабаева е претседателка на медиумската групација која поседува големи удели во медиумите кои ја „репродуцираат пропагандата на руската влада“.

„Таа е поранешна руска гимнастичарка и поранешна пратеничка во руската Дума. Таа е тесно поврзана со претседателот Владимир Путин. Таа е одговорна за поддршка на акциите и политиките кои ги поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, како и стабилноста и безбедноста на земјава“,пишува во соопштението на ЕУ, пренесува Би-би-си.
Кабаева веќе е под санкции на Велика Британија и Канада.

Други лица кои се најдоа под санкции со новиот пакет е и генерал-полковник Михаил Мизинцев за кој медиумите пишуваат дека е познат и како „касапот од Мариупол“, како и полковникот Азатбек Омурбеков кој, пак, е познат како „Касапот од Буча“. Пакетот санкции опфаќа и членови на семејството на Дмитриј Песков, портпаролот на Путин.

Back to top button
Close