НБА: Орландо го повлекува дресот на Шекил О’Нил

НБА лигашот Орландо оваа сезона слави 35 години од формирањето, а по тој повод франшизата од Флорида одлучи да го повлече дресот со бројот 32 кој го носеше легендарниот центар Шекил О’Нил.

Дресот ќе биде повлечен на 13 февруари пред дуелот меѓу Орландо и Оклахома во „КИА Центар“.

„Кога некој ќе ве праша кој е првиот играч кој официјално го ставил Орландо на картата, одговорот е едноставен – Шекил О‘ Нил. Тој ја одведе нашата франшиза на повисоко ниво, како на теренот, така и надвор од него. Многу сме возбудени поради тоа што на Шекил ќе му припадне честа неговиот број 32 да се најде на врвот на „КИА Центар“, каде ќе остане засекогаш“, изјави директорот на Орландо, Алекс Мартинс.

Шекил О’Нил е првиот кошаркар во историјата на Орландо чиј дрес ќе биде повлечен.

Back to top button
Close