„Не е етнички Македонец човекот што го скрши стаклото на Бугарската амбасада во Скопје“

„Лицето што скрши стакло на вратата на Бугарската амбасада во Скопје не бил етнички Македонец и бил бездомник“, објави Петар Колев, лидер на бугарска политичка партија во Македонија, во интервју за бугарските медиум.

– Чудно е што лице кое не е Македонец и живее на улица би извршило таков чин без дополнителен поттик – рече Колев.

Тој ги спореди односите меѓу Македонија и Бугарија со оние меѓу Северна и Јужна Кореја, кои толку многу заостануваат во својот развој токму поради политичките режими.

Back to top button
Close