Нејмар ќе го пропушти натпреварот против Камерун

epa10326486 Brazil’s forward Neymar holds his right ankle during FIFA World Cup 2022 group G soccer match between Brazil and Serbia at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 24 November 2022. EPA-EFE/LAURENT GILLIERON SWITZERLAND OUT
Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе го пропушти финалниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2022 година против Камерун.

– Нејмар имаше покачена температура, која сега е под контрола и тоа не го попречува процесот на закрепнување на неговиот скочен зглоб, се вели во соопштението на Бразилската фудбалска конфедерација на официјалната веб-страница.

Нејмар се здоби со повреда на десниот скочен зглоб во вториот дел од натпреварот против Србија (2:0) и ќе ги пропушти преостанатите два меча од групната фаза на Светското првенство.

Бразил е прв на табелата во групата Г со 6 бодови. Бразилците станаа вториот учесник во плејофот, претходно Французите ја надминаа групната фаза на тековниот турнир.

Натпреварот Камерун – Бразил ќе се одигра на 2 декември со почеток во 20 часот.

Back to top button
Close