Не платил надоместок за отпад, па отворил ликвидација на фирмата – кривична за даночно затајување од 3,8 милиони денари
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Според информациите, пријавениот, во својство на сопственик и управител на компанијата, во периодот од 2024 до 2025 година не го пријавил и не го платил законскиот надоместок за отпад од увезен текстил кон Министерството за животна средина и просторно планирање.
Со тоа, како што наведуваат од Финансиската полиција, бил избегнат надоместок во вкупен износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на Република Македонија.
За да го прикрие неплаќањето на законските обврски, осомничениот на 17 април 2026 година повел постапка за ликвидација на правното лице пред Централниот регистар.
Против физичкото и правното лице е поднесена кривична пријава, а случајот ќе го процесуира Основното јавно обвинителство во Гевгелија.






