Неделната плата на Сака во Арсенал може да достигне 300.000 фунти

Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, би можел да потпише нов долгогодишен договор кој четирикратно би ги зголемиле неговите примања со што би станал најплатен играч во редовите на клубот од северен Лондон.

Сака, кој дојде во Арсенал на седумгодишна возраст, има важечки договор со клубот до лето 2024 година, но како што денеска објави весникот „Мирор“, подготвен е да ја продолжи соработката до 2028.

Неделната плата на англискиот репрезентативец сега изнесува 70.000 фунти, а со евентуално новиот договор би можела да достигне 300.000 фунти, со што 21-годишниот фудбалер би станал најплатен играч во Арсенал, надминувајќи ја неделната плата на Габриел Жезус од 250.000 фунти.

Најскапиот договор во историјата на Арсенал сè уште го држи поранешниот германски репрезентативец со турско потекло Месут Озил, кој во лондонскиот клуб неделно заработуваше 350.000 фунти.

Back to top button
Close