Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.

Како што информираат од ДЗС, станува збор за граната што била истрелана, но, не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја примила дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Back to top button
Close