Неколку инжињерски мерки кои се одлична превенција против ковид во училиштта

Децата секако не треба да го пропуштат учењето и ова не смее да продолжи да има импакт врз генерации кои допрва треба да работаат, создаваат, живеат во земјава. Но, срамно е да се криеме позади “така е по цел свет”. Попаметно би било да покажеме уникатност која ќе ни дозволи да продолжиме да живееме во некоја подобра иднина. Другите нека копираат овој пат од нас. Не е потребно премногу, да повториме, потребно е децата да имаат чист воздух во училиштата од вируси и други загадувачи, а тоа најлесно се постигнува преку вентилација и филтрација на воздухот. Дезинфекција на воздухот онаму каде овие две мерки не се доволни или се неизводливи.
Овие инжињерски мерки за заштита, играат огромна улога при справување со САРС-КоВ-2. Изведени од професионалци, тие го намалуваат ризикот од инфекција на патот на трансмисијата до минимален.
Кај нас не се ни споменуваат!
Мене и на моите колеги стручни по овие прашања, ни е јасно дека во комисијата и кризниот штаб не разбирате и не разликувате вентилација од климатизација, како и што понатаму сега со информацииве, еве и кога знаете. Ние можеме да помогнеме.
Зошто државата не има едуцирано, зошто инвестирала во доктори специјалисти по медицина на трудот и инжињери за безбедност и заштита на здравјето? Имаме одлични стручњаци, може да поканиме колеги експерти од целиот свет, ние ова можеме многу лесно да го изведеме.
И да се разбереме веднаш, парите не се проблем. Еве ви солуција.
Од фомитите (заразените капки на површината) не треба да стравуваме, немаат голем ефект во трансмисијата на САРС-КоВ-2, така да ете пари од каде ќе најдете. Наместо да трошиме без потреба на средства за заштита кои нудат единствено лажна заштита како ракавиците, термометри итн, може да се искористат средствата за нешто кое навистина ќе ги заштити присатните во училиштата.
Нешто да ви посочам кое знам дека нема ни во сон да ви текне. Тоалетите во моментов се пострашни извори на зараза од училниците и ходниците.
Таму ризикот од заразување со САРС-КоВ-2 е многу висок!
При Делта е уште повисок поради диареичните празнења и повраќања, кои се се почест симптом, преку кои се исфрлаат и дополнително многу повеќе аеросоли кои потоа остануваат заробени во тесен простор без никаква вентилација, а за заразување е потребна помала количина на вдишани аеросоли од Делта поради оптоварувањето кое е 1260 пати поголемо од дивиот сој врз кој се правени првичните проценки.
ПС – 15 мин за близок контакт?
За Делта???
Не, не сте ми воопшто јасни од каде добивате информации и зошто не следите нови медицински докази околу Ковид.
Илчо Ефкоски

Back to top button
Close