Нема позитивни кај вработените во градинките во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод

Нема ниту еден позитивен на коронавирусот од вработените во детските градинки во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. Сите 242-јца вработени се негативни.

Ова се резултатите од скринингот на вработените во градинките кои беа тестирани на 28 и на 29 мај.

Според општините, во Прилеп се 192 лица, во Кривогаштани пет вработени, во Крушево 21 и 24 вработени во Македонски Брод.

Денеска во Прилеп нема регистрирано новозаболен од коронавирусот, ниту пак е евидентиран случај на оздравен. Моментално, во Општината се 30 активни случаи.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани пет лица позитивни на коронавирусот. Во самоизолација се наоѓаат 50 лица. На 14 граѓани им се изречени прекршочни пријави поради неносење заштитни маски.

Back to top button
Close