Нема веќе непоразени тимови во НБА лигата

Кошаркарите на Јута загубија синоќа на гостувањето кај Чикаго со 107-99 со што во НБА лигата веќе нема непоразени тимови во новата сезона.

Чикаго ја прекина серијата од четири последователни стартни победи на Јута предводен од Деман Дерозан со 32 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:

Детроит – Орландо 110-103

Њу Орлеанс – Њујорк – 117-123

Индијана – Торонто 94-97

Филаделфија – Атланта 122-94

Чикаго – Јута 107-99

Мемфис – Мајами 103-129

Милвоки – Сан Антонио 93-102

Минесота – Денвер 91-93

Голден Стејт – Оклахома 103-82

Феникс – Кливленд 101-92.

Back to top button
Close