Несреќа на патот Куманово-Крива Паланка: Удрениот пешак се здобил со тешки повреди

На 04.01.2025 година во СВР Куманово било пријавено дека околу 17.30 часот на  магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане, патничко возило „Фолксваген голф” со кратовски регистарски ознаки удрило во пешак Д.С. (69) од Куманово.

Возилото било управувано од Ј.П.(50) од село Талашманце, кратовско, а во сопственост на А.Љ.(25) од Кратово. Во несреќата Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Back to top button
Close