Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе продолжи со „безмилосните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут“.

-Сакам да бидам јасен, ќе продолжиме безмилосно да го удираме Хезболах во сите делови на Либан, вклучително и во Бејрут, рече Нетанјаху за време на посетата на воената база што Хезболах вчера ја нападна, при што загинаа четворица израелски војници.

По неколкумесечни прекугранични судири меѓу Израел и проиранското движење Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, израелската армија ги засили воздушните напади врз Либан на 23 септември и започна копнени операции на 30 септември

Back to top button
Close