Нетанјаху: Нема да има палестинска држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва повтори дека „нема да има палестинска држава, дури ни по цена на нормализирање на односите на Израел со Саудиска Арабија“. Бидејќи, како што изјави, таквата држава би претставувала „егзистенцијална закана за Израел“.
„Нема да има палестинска држава. Многу е едноставно: таа нема да биде воспоставена“, рече Нетанјаху.
На прашањето од новинарите што го спречило нормализирањето на односите меѓу Тел Авив и Ријад, Нетанјаху рече дека војната во Појасот Газа го отежнала напредокот во тој процес, но нагласи дека условите за нормализирање на односите сега можат да се развијат како што војната се смирува, објави „Тајмс оф Израел“.
„Но, условите мора да бидат прифатливи за двете страни – услови што се добри за двете страни“, нагласи Нетанјаху, наведувајќи дека знае како цврсто да застане зад основните услови на Израел и да не ја загрози безбедноста на Израел.






