Нетанјаху отпатува за САД, утре треба да се сретне со Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху полета денеска од аеродромот „Бен Гурион“ на пат кон Флорида, каде утре треба да има разговори со американскиот претседател Доналд Трамп кои, како што се очекува, ќе бидат фокусирани на иднината на Појасот Газа и континуираните закани од Хезболах и Иран, објави „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху немаше новинари кои го следеа на летот и не ја даде вообичаената изјава пред заминувањето, објавија израелските медиуми.






