Нетанјаху преговара за признавање вина во судењето за корупција

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху преговара за признавање на вината на судењето за корупција, изјави денеска лице вклучено во преговорите.

Како што се наведува од судот, договорот би може да биде постигнат веќе следнава недела, што може да значи дека Нетанјаху нема да може да се занимава со политиката и дека ќе се отвори патот за нов лидер на неговата конзервативна партија Ликуд.

 

Секој договор, исто така, ќе го ослободи Нетанјаху од срамното и долго судење што може да го оцрни неговото политичко наследство.

 

На Нетанјаху му се суди за измама, злоупотреба на службената положба во три случаи, вклучувајќи и поткуп во еден од нив.

 

Поранешниот премиер, сега лидер на опозицијата, негира дека направил нешто лошо и ги обвинува обвинителството, полицијата и медиумите дека почнале „лов на вештерки” против него.

 

Портпаролот на Нетанјаху не ја коментираше изјавата на анонимниот учесник во преговорите, кој кажа дека може да се додје до откажување од обвинение во предметите за поткуп и измама и еден случај во целост да се отфрли.

 

Многу елементи засега остануваат нерешени, вклучувајќи го и обвинението за „морална нискост”, кое според израелскиот закон на Нетанјаху може да му донесе забрнаа да се занимава со политика во следните седум години.

 

Се размислува и дали Нетанјаху ќе биде осуден на општествено корисна работа.

 

Нетанјаху вети дека ќе се врати за чело на државата откако беше завршено неговото  долгогодишно владеење, во јуни 2021 година, кога во новата коалициска влада немаше место за неговиот Ликуд.

 

 

 

 

Back to top button
Close