Неверојатни сцени во Австралија: Милиони пајаци исплеле џиновска мрежа, граѓаните преплашени

Во Австралија пајаците биле толку “вредни”, што полињата ги прекриле со огромна тенка пајажина, а тревата дури не се ни гледа.

Жителите во источна Викторија останале шокирани кога се разбудиле и виделе огромна пајажина која ја прекрила земјата, тревата и дрвјата.

Градот Таралгон бил еден од најтешко погодените градови од неодамнешните поплави и олуји.

Поплавените патишта ја нарушиле локалната популација на пајаци, па во желба да се спасат од смрт, плетеле на дрвјата, куќите и на висок трева, пишува “The Guardian”.

“Едноставно е неверојатно, кога ќе дувне ветар потсетува на бранови”, рекла Џена Битсон.

“Изглда страшно бидејќи покрива се. Не може да се види добро на фотографиите, но пајаците се насекаде по неа. Илјадници и илјадници пајаци”, додал таа.

Всушност, според зборовите на д-р Кена Вокер, етнолог и кустос во музејот во Мелбурн, ги нема илјадници, туку ги има милиони.

“Тоа е полу-редовна појава во Викторија во зима кога имаме повеќе дождливи денови. Пајаците можат да направат широк спектар на различни свили и оваа свила која ја користат за балонирање, е многу, многу тенка”, рекол тој.

Ова што се случува е поради големите поплави, па тие користеле балонирање за да не мора да бегаат илјадници километри. Плетеле мрежа, која е многу лесна, за брзо да се качуваат по неа, објаснил тој.

Кога тоа ќе го направат голем број на пајаци одеднаш, на крајот се прикачуваат едни за други и можат да покријат цело село.

Вокер објаснува дека секој пајак оставил само по една линија, што значи дека секоја ситна линија свила претставува друго животно.

Back to top button
Close