Невремето во Истанбул не стивнува, загинати и странски државјани

Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 38 се повредени, јави агенцијата Анадолија.

Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин.


 

Наведено е дека се повредени 38  лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат на терен.

Причинета е и материјална штета. Ветерот откорна дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони.

Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир, информира Анадолија.

Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.

 

Back to top button
Close