Незаконски исплати од 120 илјади евра во тетовскиот Центар за социјална работа

Според досегашните сознанија, во касата на институцијата се вратени околу 120 илјади евра, средства што биле исплатени на лица кои не ги исполнувале законските услови и лажно се пријавувале како корисници.

Во текот на минатата година, Обвинителството во Тетово постапувало против дел од вработените во Центар за социјални работи Тетово, кои биле опфатени со обвиненија. По признавање вина и надоместување на причинетата штета, санкциите што им биле изречени се свеле на плаќање по 18 илјади денари во државниот буџет.

И покрај тоа, дел од лицата инволвирани во случајот денес извршуваат раководни функции, иако, според информациите, немаат овластување за потпишување службени документи. Тие, како што се наведува, често се предмет на дисциплински постапки, но избегнуваат построги последици поради позитивните оценки што ги добиваат од дисциплинската комисија во самата институција.

Back to top button
Close