Независна кандидатура во Кочани: Економистот Зоран Тодоров влезе во трката за градоначалник

Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров во понеделник ја поднесе независната кандидатура за градоначалник на Кочани, најавувајќи дека ќе настапи надвор од партиските структури и ќе се фокусира на заедништво и локален развој.

„Некој би рекол дека е фрлена ракавица, но јас велам дека раката кон сите во Кочани е подадена,“ изјави Тодоров во објава на социјалните мрежи.

Тој се претстави како сопруг и татко на две деца, роден и израснат во Кочани, и потенцира дека одлуката за вклучување во трката е мотивирана од желбата градот да стане „место на избор, а не на случаен престој“.Тодоров, кој е еден од основачите на повеќе локални организации, рече дека со години преку конкретни акции и хуманитарни иницијативи се залагал за солидарност и поддршка на најранливите категории. „Јас сум човек од дела – не од зборови,“ нагласи тој.

Неговата изборна порака е дека Кочани треба да се гради „чекор по чекор, човек до човек“ и дека е потребен „нов глас на одговорност, искреност и храброст“.

„Сакам живот во Кочани – достоинствен, праведен, инспиративен и топол,“ порача Тодоров

Back to top button
Close