Незири утрово приведен во полициска станица

Беким Незири, кој ги отвори вратите на радарската кула и кој им дозволи на насилниците да влезат во зградата на М-НАВ, од утрово е во полициска станица.

Откако со часови беше недостапен за полицијата, Незири утрово бил приведен во полициска станица.

Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените

.Ова е втор инцидент од страна на Беким Незири во контролата за летање во М-НАВ. Во 2010 година Незири  тогаш беше член на Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори, а нападнал контролор на летање кој како инструктор не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. Незири го удрил и го турнал по скали инструкторот. Потоа, до Управниот одбор поднел предлог инструкторот да биде разрешен.

Снимките за нападот врз инструкторот биле избришани објави сдк мк и додаде дека натепаниот инструктор подоцна со семејството заминал во странство каде што работи како контролор на летање. Тогаш пишува порталот инцидентот не доби гласност оти во времето на Груевски синдикатот на М-НАВ немал пристап и несмеел да зборува во медиумите за да не се растури коалицијата на ВМРО ДПМНЕ И ДУИ а Незири стасал и до министер во таа влада.

Back to top button
Close