НХЛ го одобри составот на дивизиите за сезоната 2020/21, едната група е целосно канадска

Раководните луѓе на најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ го одобрија составот на дивизиите за сезоната 2020/21.

Сите седум канадски екипи се во иста дивизија, а натпреварите ќе се играат само во рамките на дивизиите.

Секој тим ќе одигра по 56 натпревари во регуларниот дел од сезоната, почнувајќи од 13-ти јануари.

Состав на дивизиите:

Северна дивизија: Калгари, Едмонтон, Монтреал, Отава, Торонто, Ванкувер, Винипег.

Западна дивизија: Анахајм, Аризона, Колорадо, Лос Анџелес, Минесота, Сан Хозе, Сент Луис, Вегас.

Централна дивизија: Каролина, Чикаго, Колумбос, Далас, Детроит, Флорида, Нешвил, Тампа-Беј.

Источна дивизија: Бостон, Бафало, Њу Џерси, Ајлендерс, Ренџерс, Филаделфија, Питсбург, Вашингтон.

Првите четири екипи во секоја дивизија ќе се пласираат во плејофот.

Back to top button
Close