Николиќ: Лут сум на некои играчи кои не веруваат дека можеме

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ, со критики кон себе и кон своите избраници по вчерашниот висок пораз на гости кај СЦ Дерби со 85:103.

– Јас секогаш сум голем критичар, но прво на самиот себе. Лут сум на себе зашто не можам да ја убедам екипата. Дојдов во Скопје каде ги имам сите потребни услови за работа, за живот, но не можам да сфатам како поединци не ја гледаат и прифатат мојата верба дека во спортот може да се успее и некогаш да се победат и посилни тимови и да се излезе од оваа ситуација која не е лесна за МЗТ Скопје. Ова се однесува на АБА лига, другото е во ред. Поединци не веруваат ниту на моите зборови, ниту на останатите. Навивачите безрезервно ни даваат поддршка, веруваат дека можеме, луѓето во клубот исто така, но жал ми е што овие пет кола откако дојдов не победивме и покрај силните противници, изјави Николиќ.

Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска АБА-лига, по 17 одиграни натпревари има само две победи и е последен на табелата.

Back to top button
Close