Николоски: Новиот мобилен оператор „4IG” ќе ја користи мрежата „Старлинк“


Новиот мобилен оператор во Македонија „4IG” ќе ја користи сателитската мрежа „Старлинк“ (Starlink) на милијардерот Илон Маск, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Прташан дали телекомуникациската компанија „4IG” гради своја 5Г-мрежа, Николоски рече дека тие веќе објавиле стратегиска соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои оваа технологија ќе се имплементира директно. За евентуалното посотење ризик Маск да го прекине пристапот како во Украина, министерот рече дека станува збор за чисто комерцијален договор.

-Веќе објавија соработка со Старлинк на Илон Маск и надвор од Украина, Македонија и Црна Гора ќе бидат првите држави каде што Старлинк ќе се користи директно, така што мобилната мрежа ќе оди на Старлинк и секако интернет-мрежата. Сега, од она што го знам, изнајмуваат базни станици, а кога ќе заврши тестирањето одат директно на Старлинк, односно на сателитите на Илон Маск, што ќе се согласите е скок за Македонија во оваа голема трка во технологијата. Не мислам дека во комерцијалниот дел тоа би го направил. Таму, објасни мислам и секретарот Рубио, се работи за државен воен дел итн., комерцијалниот дел е нешто сосема друго- рече Николоски.

Прашан дали најавените проверки од унгарската влада влијаат на инвестициските планови на „4IG” кај нас, Николоски посочи дека операторот има рок до март 2027 година да покрие најмалку еден град и дека го одбрале токму Скопје, што ја докажува нивната сериозност.

– Согласно договорот за концесија, тие треба до месец март следната година да покријат најмалку еден град во државата, а до крајот на годината да оперираат во цела држава. Можеа било кој град да одберат, тие го одбраа градот Скопје. Што значи, штом Скопје го одбраа како прв град кој што ќе го покријат, кој што веројатно како комуникација е и над 50% од целокупниот пазар во државата, тоа говори колку се сериозни – истакна Николоски.

Тој уште еднаш повтори дека очекува намалување на цените за телекомуникациските услуги.

-Мислам дека драстично ќе одат надолу, од она што имам како информација многу, многу поевтини ќе се од двата постојни оператори. Јас во една пригода им кажав уште кога разговаравме за трет мобилен оператор, дали во Македонија ќе има или ќе нема трет мобилен оператор зависи од постојните два оператори. За нивна жал, а се надевам за среќа на пазарот, тие оставија голем простор за трет мобилен оператор- посочи Николоски.

Односите со Унгарија, како што рече, продолжуваат да бидат на добро ниво, тоа, според него, го потврдува последата посета на в.д амбасадорот на Унгарија во Македонија на почетокот на градежните работи на автопатот Букојчани-Кичево. Инвестициите, додаде, се реализираат според планираната динамика.

-Драго ми е што вршителот на должноста амбасадор во Македонија, беше на почетокот на градежни работи на Кичево-Бокојчани и официјално објави амбасадата на Унгарија честитка и поддршка за тој проект, што сите знаат во дипломатијата дека тоа не може да го направи амбасадата сама, без координација со нивното Министерство за надворешни работи. Кабинетите комуницираат и очекувам за брзо време да имаме средба со министерот за транспорт. Јас го познавам многу добро, беше Државен секретар во минатото, беше кандидат за градоначалник на Будимпешта, сум учествувал и во неговата кампања, така што очекувам за брзо време да се видиме- посочи Николоски.

Back to top button
Close