Ништо не е спорно во Декларацијата за Делчев, вели новиот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Клековски

Аналитичарот Сашо Клековски, кој од неодамна е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата 24 анализа рече дека во Декларацијата нема ништо спорно и во основа е програма за одбележување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

– Дали е спорно што би издале поштенска марка со неговиот лик, кога имаме улици, училишта со неговото име. Тоа не треба да е провокација. Декларацијата се случува зошто во Собранието од 2018 не се носи програма за одбележување на познати личности и настани. Минатата година немаше програма за Блаже Конески. Не слушнав зошто Македонија нема ваква програма, рече Клековски.

Back to top button
Close