НЛО киднапирале 10 Американци?!

Мерсел Биљали

Имањето пари можеби нема да нè направи среќни, но немањето пари нè прави многу несреќни – вели познатиот писател Даглас Адамс. Но, парите се добар слуга, ама лош господар.

Aнкета објавена во шпанскиот весник „Паис“ вели дека Доналд Трамп е поголема закана за светскиот мир од Путин. На прашањето кои лидери претставуваат најголема закана за светскиот мир – дури 81% велат дека тоа е Трамп, 79,3% Путин, 71,2% Нетанјаху, Моџтаба Хамнеи 62,9%, Ким Џонг Ил 62,2%. Анкетата вели дека Трамп станува понестабилен поради годините (61%), а интересно е што 30 проценти од нив биле републиканци, пренесува Ројтер/Ипсос. Ама, после гласање нема каење, оти резултатот наликува на доживотна казна!

Сега дури 52 проценти од Американците го поддржуваат импичментот на Трамп, а сè повеќе се споменува и Амандманот-25 или импичментот за отстранување на претседателот од функцијата. Повеќе од 70 демократи во американскиот Конгрес отворено бараат итно активирање на Амандманот 25 од американскиот Устав, со што овластувањата би се префрлиле на потпретседателот. Бројни испитаници сметаат дека Трамп ги „засрамува“ САД на Блискиот Исток. Силна држава, но сепак несреќна, бидејќи судбината што ја избираме дели карти, а ние мора да играме со нив.

Амандманот–25 на Уставот на САД, усвоен во 1967 година, е еден од најважните механизми за функционирање на извршната власт, бидејќи регулира што се случува кога претседателот не е во можност квалитетно да ги извршува своите должности. Амандманот вели дека потпретседателот ја презема функцијата ако претседателот стори кривично дело, поднесе оставка или пак е физички или психички неспособен да ја извршува функцијата. Ова е различно од механизмот на импичмент, што значи казна за незаконско однесување на претседателот.

Поради „политичка математика“, Амандманот-25 никогаш порано не бил применет, но секогаш постои прв пат. Дали Доналд Трамп ќе ја задржи контролата или притисокот ќе доведе до негов пад, останува прашање на кое ќе се одговори во наредните месеци во Вашингтон. Трамп има право да ја отфрли одлуката на Амандманот-25, со што процесот се префрла во Конгресот. За конечно отстранување е потребно двотретинско мнозинство во двата дома, што би било построг услов од класичниот импичмент.

Најновите анкети на јавното мислење покажуваат дека 52 проценти од Американците поддржуваат импичмент, ама политички кругови сè повеќе спомнуваат Амандман-25 за отстранување на претседателот. Јазикот на Трамп секогаш е побрз од неговото мисла. Се заканува, вика, негира, наредува, напаѓа, навредува… Ќе прати порака до Иран – „Цела цивилизација ќе умре вечерва“, а потоа ќе каже – „Во моментов имаме многу добри односи со Иран“! Во три изјави, четири противречности, исто толку самоодрекувања! Тешки навреди кон Макрон, престолонаследникот Мохамед бин Салман, Мелони, па дури и кон Папата! А од сите лидери на земјите-членки на ЕУ, Мелони била единствената поканета на церемонијата на инаугурација за неговиот втор мандат во Белата куќа. Но, Трамп сака пријатели кои имаат уши, но немаат уста.

Десет врвни научници исчезнаа во САД!

Десет врвни научници мистериозно исчезнаа. Се бара одговор од Трамп. Тој изјави дека во следните неколку дена ќе одговори за 10-тe научници кои мистериозно починале или исчезнале во последните две години. „Се надевам дека е случајност, но ќе дознаеме во следните 10 дена“, им рече Трамп на новинарите на Саут Лаун. Toj го обвини својот претходник, велејќи: „Па, Бајден имаше отворени граници и не беше толку тешко да се стигне до тука“.

Меѓу исчезнатите е и пензионираниот генерал-мајор на воздухопловните сили Вилијам Мек Касленд, кој нa 27 фебруари исчезна од својот дом во Албукерки, и држел високи позиции поврзани со истражување и аквизиција на вселената. Неговото име се појави во е-пошта објавена од Викиликс од Џон Подеста, претседател на кампањата на Хилари Клинтон, а ентузијастот за НЛО Том Лонџ тврдел дека разговарал со него за неидентификувани аномални феномени. Генералoт ги оставил телефонот, очилата и личните уреди дома, а неговиот паричник, планинарските чевли и револверот се исчезнати. Неговата сопруга јавно ги негираше теориите на заговор дека тој имал „какво било посебно знаење за вонземјани“.

Интересно што за релативно кратко време исчезнаа и други научници како што се: Мелиса Касиљас, која имала пристап до класифицирани информации во Националната лабораторија „Лос Аламос“; Ентони Чавез, пензиониран вработен во истата лабораторија; Џејсон Томас, кој го водеше тимот за хемиска биологија на „Новартис“; Френк Мејвалд, инженер во Лабораторијата за млазен погон на НАСА; Нуно Луреиро, познат физичар во Технолошкиот институт во Масачусетс, кој бил застрелан минатиот декември; Карл Грилмаер, истражувач на егзопланети, кој бил убиен во февруари; Стивен Гарсија, кој работел во обезбедувањето за производство на ненуклеарни компоненти за американскиот систем за нуклеарно оружје; Моника Хасинто Реза, воздухопловен инженер.

Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Ливит, беше прашана за време на брифингот за исчезнатите научници и извештаите дека тие „имале пристап до класифицирани нуклеарни или воздухопловни материјали“. „Не сум разговарала со нашите агенции за ова“, одговори таа. „Секако дека ќе го направам тоа и ние ќе ви дадеме одговор. Ако тоа е вистина, секако, тоа е нешто што мислам дека оваа влада и администрација би го сметале за достојно за истрага.“

Се претпоставува дека се работи за странски служби, оти научниците и експертите кои работат во области од стратешко значење секогаш биле мета на странски разузнавачки служби, кои се стремат да добијат технолошки и воени тајни, или пак исчезнувањата без јасна трага може да укажуваат на обиди за компромитирање, регрутирање или елиминирање на лица со пристап до чувствителни податоци.

Трамп ќе го расформира НАТО?!

Трапм почна со 5% од БДП за НАТО, а стаса до 100% повлекување од него. Трамп жестоко го критикува НАТО, по средбата со генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, наведувајќи дека НАТО „не бил таму“ кога на САД им бил потребен, во врска со војната во Иран. „И нема да биде таму во иднина“. Тој го спореди НАТО со „хартиен тигар“, велејќи дека алијансата повеќе нема сила каква што имаше некогаш. Ги критикуваше сојузниците за тоа што не помогнаа во повторното отворање на Ормутскиот теснец, кој Иран ефикасно го затвори додека беснее војната на Блискиот Исток. Тој особено ја критикуваше Велика Британија, потсмевајќи се дека тие сè уште „немаат морнарица“!

Стармер одговори на коментарите на Трамп за НАТО, велејќи дека алијансата е клучна за безбедноста на Западот. „НАТО е најефикасниот воен сојуз што светот некогаш го видел. Нè чуваше безбедни со децении и ние сме целосно посветени на тоа“, рече тој. И државниот секретар Рубио се произнесе – „Ќе мора да го преиспитаме нашето членство во НАТО“, критикувајќи ги сојузниците што не дозволуваа ниту користење на американските воени бази во нивните територии“ – рече Рубио. А НАТО без САД има јазик што грми и сила што шепоти.

Наша „трета економија“ на колено!

Додека светот безбедносно и економски е ставен на апарат за дишење, ние се однесуваме како таа бабата додека селото гори. Економскиот удар врз нашата „трета економија“ доаѓа во комбинација на три фактори – слаба енергија, висока инфлација, слаб раст. Глобалната економија се движи кон рецесија, а конфликтот со Иран повеќе не е само геополитичко прашање, туку директен удар од гром. Премиерот ни нуди сув леб и игри, без ЕУ! Нека живеат мртвите, дури и ако умираат живите. Не постои таква шанса што ние не знаеме да ја пропуштиме. А изборите ни доаѓаат како победа на илузијата над интелигенцијата.

За многу економии од Заливот, Европа и Африка, војната би можела да има поголеми последици од војната во Украина и Ковид-от. Глобалните пазари на нафта и гас се веќе во кома. Премиерот Мицкоски во повеќе наврати вели дека нашата економија е „трета во Европа по раст на БДП“! Ако се анализираат податоците од народните банки во Западен Балкан, Албанија, на пример, бележи раст од 30% со прилив од околу 1,6 милијарди евра, додека Хрватска паѓа на 37% или за 2,6 милијарди евра. Дури и помали економии како Црна Гора покажуваат умерен раст од 8 проценти или 531 милиони евра. Инвестициите растата и во словенија за 19 проценти. Во Косово за 30 ориоценти или 1,03 милиони евра. И Србија бележи пад.

Во таа споредба, Македонија со околу 468 милиони во првите три квартали и пад од околу 61% се позиционира како една од најслабите економии во регионот во 2025 година — и по динамика и по обем. Наместо продолжување на трендот од рекордната 2024 година, во 2025 се забележува пад, што отвора прашања за одржливоста на економскиот наратив и за реалната состојба на инвестициската клима. И сега тука стравот од животот е поголем од стравот од смртта, а кражбата на векот ни се случува секој месец!

Back to top button
Close