Ноќеска во Загреб одекна силна експлозија, полицијата трага по лицето кое фрлило бомба
Ноќеска околу 2:50 часот на улицата „Славенска“ во главниот град на Хрватска Загреб, се случила експлозија, при што биле оштетени два угостителски објекти, соопшти полицијата.
Според првичните информации, непознато лице фрлило експлозивна направа која ги скршила прозорците и го оштетила инвентарот на двата шанка. Во моментот на експлозијата во зградите немало луѓе и никој не е повреден.
Бројни полициски сили и форензички експерти се на терен. Улицата е затворена за сообраќај, а автобусите се пренасочуваат по други рути