Орце, Коце или Златко – кој ќе биде кандидат за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва се одржа седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се дискутираше на предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

По седницата, излезе генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски кој соопшти дел од кандидатите

Сепак тој не го откри кандидатот за Град Скопје, па оттука се поставува прашањето дали на ова место ќе биде поставен актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, екс градоначалникот на Град Скопје и директор на ЈПДП, Коце Трајановски или пак министерот за локална самоуправа Златко Перински.

На листата покрај Град Скопје, не се најде ни кандидатот за општина Кисела Вода.

Како што рече, за Град Скопје целат да го изберат најдобриот кандидат.

„Се уште се водат анкети и анализи, и од страна на Извршниот комитет меѓутоа и куќите кои се ангажирани, повеќе имиња се на тие анкети па ќе видиме набрзо и за името за Град Скопје“, рече Сајковски

Во продолжение кандидатите за градоначалници:

  1. Аеродром – Дејан Митески
  2. Бутел – Дарко Костовски
  3. Ѓорце Петров – Александар Стојкоски
  4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
  5. Штип – Иван Јорданов
  6. Велес – Марко Колев
  7. Свети Николе – Дејан Владев
  8. Карбинци – Виктор Паунов
  9. Градско – Киро Нацков
  10. Кавадарци – Митко Јанчев
  11. Гевгелија – Андон Сарамандов
  12. Зелениково – Коста Маневски
  13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
  14. Конче – Златко Ристов
  15. Делчево – Иван Гоцевски
  16. Ново Село – Ѓорге Божинов
  17. Василево – Славе Андонов
  18. Босилово – Ристо Манчев
  19. Берово – Петар Ружински
  20. Петровец – Борче Митевски
  21. Битола – Тони Коњановски
  22. Охрид – Кирил Пецаков
  23. Вевчани – Спасе Кочовски
  24. Брвеница – Јовица Илиевски
  25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

Back to top button
Close