Норис го продолжи договорот со „Мекларен“
– Британскиот возач во Формула 1 Ландо Норис потпиша денеска нов „повеќегодишен“ договор со тимот на Мекларен.
Тимот на Мекларен не наведе детали околу новиот договор, но 21-годишниот Норис со сигурност ќе остана во екипата и по 2022 година. во тандем со Даниел Рикардо.
Норис е дел од Мекларен од 2017 година, а сезонава, спроти претстојната трка за Големата награда на Монако, е на четврто место во генералниот пласман, освојувајќи бодови на последните девет трки.
Клупскиот колега на Норис, 31-годишниот Рикардо претходно потпиша договор на уште три години со Мекларен.
– „Поврзувањето“ на двајцата возачи и по 2022 година е потврда на стабилноста и претставува натамошен чекор напред во долгорочниот план на екипата да се натпреварува со најдобрите, соопшти Мекларен.