Нов ирански напад врз централен Израел

Во централниот дел на Израел се огласија сирените за тревога откако Иран лансира балистички ракети.

Израелските безбедносни сили (ИДФ) пет минути пред да се огласат сирените ги предупредија граѓаните да се засолнат.

Израелските власти соопштија дека во најновиот ирански напад нема повредени лица.

ИДФ наведе дека врз централен Израел истрелани се помалку од 10 проектили, од кои повеќето биле пресретнати.

Back to top button
Close