Нов почеток на 60 години: Ја напуштив Британија и отворив кафуле во Индија. Никогаш не сум била посреќна
Веена Торчија седеше во својата градина во Пушкар во северна Индија, јадејќи зрело манго. Како што загриза, го пушти сокот да исече по неа. Да беше во источен Лондон, каде што се наоѓа нејзиното семејство, ќе го исечеше мангото на парчиња и ќе ги послужеше на убава чинија. „Но, не би му го почувствувала вкусот“, вели таа. Сетилата на Торчија се заостриле откако минатата година наполни 60 години и со сопругот се пресели во Пушкар за да отвори веганско кафуле – прво, како што вели таа, во целата држава Раџастан.
Токму во Пушкар, Торчија и Маурелио, кој е од Калабрија, пред 40 години станале пар, како отпатувале таму како пријатели во нивните 20-ти.
Кога таа и Маурелио се вратиле во градот минатата есен, се сместиле во мал хотел што го знаеле. Сопственикот имал простор во градината во кој можеле да водат кафуле, а парот изнајмил спална соба за 5 фунти од ноќ. Сопственикот им рекол: „Направете го вашето кафè; направете што и да е“. Две недели подоцна, тие го отворија кафулето Арти Веган. Во Пушкар, Торчија вели: „Постои став дека сè може да се направи. Колку и да имаш малку, се е можно“. Тоа е дух што таа се обидува да го искористи.
Клиентите на Торчија се дел туристи, бизнисмени, луѓе кои практикуваат јога во групи… Во првата половина од неделата, тие го подготвуваат своето домашно тофу, млеко од соја и јадења на база на окара (пулпа од соја), а како што се приближува викендот, менито се префрла на јадења од целиот свет. Клиентите можат да донесат рачен фрижидер и да купат храна за да ја однесат дома.
Торчија е родена во Јужна Африка, но на осум години се преселила во Лондон со нејзината мајка и помладата сестра. Нејзиниот татко, останал во Индија и испраќал пари за образованието на девојчињата. Но, живеењето во Англија било “мрачно и изолирачко искуство“. Во Дурбан, под апартхејдот, Торчија доживеала „многу институционализирана сегрегација“. Но, знаев на која клупа да седнам“. Во Дулвич, јужен Лондон, расизмот бил “многу посуптилен“ и потешко да се забележи
Но, не на и училиште, каде што таа била „единствената кафена девојка“. Луѓето се шегувале дека таа е чистачката на тоалетот. Секогаш постоеше „ова чувство на безвредност кое резултирало со автодеструктивно однесување.
-Имав анорексија, булимија, во тие тинејџерски години – вели Торчија.
Маурелио, кој „многу се занимаваше со готвење и ги полагаше испитите за да води ресторан“, бил катализатор за нејзиното закрепнување. „Тој ми пружи безусловна љубов“, вели таа. Кога се венчале, Торчија работела со полно работно време на работни места за образование во странство во Британскиот совет, додека Маурелио се грижел за нивните четири ќерки. „Околу 25 години често патувавме“, вели таа: Турција, Шри Ланка, Индија, Тунис, Јапонија. Се враќале во Англија за секое раѓање, но ги следелно здодевно чувство на неприпадност.
Ова стана повеќе од чувство кога семејството се врати во Англија со надеж дека ќе помине време со мајката на Торчија, но станале бездомници. Следеа серија Air B&B, пред да им биде понудено сместување од здружението за домување во Хакни. Торчија започнала да работи за добротворната организација за бездомници прво како учителка, а потоа како менаџер за учење.
Нејзиното воспитување и дало чувство за „многу линеарна прогресија“. Се движите од А во Б и ако не стигнете до Ц, вие сте неуспех“. Но, секојдневниот живот беше полн со неред, предизвицо и притисок. Кога пред пет години заболела од рак на дојка, дијагнозата силно ја погодија. Немала грутка, никаков очигледен знак. Но, вели дека во тој период “живеела под голем стрес”.
-Мислев дека е крај на светот кога секој ден одев на радиотерапија. Се чувствував многу изолирано – радкажува таа.
Но, во Пушкар се чувствувале како дома. Арти Веган го започна животот како бренд за храна во Хакни за време на ковидот, кога Маурелио правел тофу, а нивната втора ќерка веганско сирење. Сега, некои луѓе кои го наоѓаат кафулето во Пушкар го препознаваат името.
„Порано чувствував дека треба да припаѓам некаде, или треба да се идентификувам со нешто или треба да се усогласам“, вели Торчија. „Се чувствував прилично уморно. Се опуштате повремено, но постојано ве следи ова многу тешко чувство. Сега, за прв пат, чувствувам дека сум своја личност”.
Извор: Гардијан
Превод: Лени Фрчкоска