Нов промотивен депозит на Халкбанк со атрактивна каматна стапка од 2%

 

 

Ова лето е добра прилика да се започне да се штеди.

Во Халкбанк тоа може да го направите по навистина промотивна и висока каматна стапка од 2% за орочување во денари, на период од 13 месеци. Каматната стапка на промотивната понуда е фиксна и се исплаќа по завршување на периодот на орочување.

Кај овој производ минималниот износ на вложување е 30.000 денари и истиот е без можност за делумни исплати и уплати на средства пред истекот на датумот на доспевање,

Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозитот, се пресметува камата по видување според важечката одлука за пасивни каматни стапки на банката.

Доколку размислувате за тоа кој е во моментов најдобриот начин за да ја оплодите вашата заштеда, промотивниот летен депозит на Халкбанк е со сигурност идеалното решение за вас.

Повеќе информации за новата понуда на банката може да добиете на следниов линк: https://www.halkbank.mk/leten-depozit.nspx

Back to top button
Close