Нов смртен случај на полковник од иранската Револуционерна гарда

Иран соопшти за уште еден смртен случај на полковник од елитната единица Кудс на Револуционерна гарда.

Според иранската новинска агенција ИРНА, полковникот Али Есмаилзадех починал „при инцидент во својата резиденција“ пред неколку дена во Караџ, град оддалечен 35 километри од Техеран. Иако се демантира дека полковникот Есмаилзадех е убиен, не се наведуваат повеќе детали.

Тој бил задолжен за надгледување на иранските воени операции во странство, кој почина во изминатите две недели.

Други медиуми блиски до Револуционерната гарда објавија дека полковникот Есмаилзадех паднал од покрив или од балкон.

Во мај  две непознати лица на мотор пукаа и го убија полковникот Хосеин Сајад Ходаи пред неговиот дом во Техеран. Иран за неговото убиство ги обвини САД и нивните сојузници, вклучувајќи го Израел.

Back to top button
Close