Нов Јужен Велс со највисок дневен број смртни случаи од Ковид-19

 

Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс забележа највисок дневен број на смртни случаи од Ковид-19 во саботата, откако варијантата Омикрон ја зафати земјата.

Државата, во која живеат 25 милиони Австралијци, пријави 16 смртни случаи од коронавирус еден ден претходно и 30.062 новозаразени.

Втората по големина држава Викторија, која овој месец е домаќин на тенискиот турнир „Австралија опен“, пријави 44.155 нови случаи на Ковид-19 и четири смртни случаи.

Земјата пријави нешто помалку од 100.000 случаи вкупно, што е намалување од рекордните 116.025 претходниот ден, но сепак ги надминува повеќето претходни врвови на инфекција.

Со зголемените инфекции и притисокот врз клиниките за тестирање, што го финансира државата, властите ги променија своите препораки и ги повикаа луѓето наместо тоа да прават брзи тестови дома, а потоа да ги пријават позитивните резултати кај нивниот лекар, кој ги внесува во базата на податоци.

Властите исто така повикуваат на смиреност поради извештаите за празни полици во супермаркетите, бидејќи луѓето остануваат дома за да избегнат инфекција, а продавачите се изолираат поради изложеност на вирусот.

Австралија, пак, од понеделник планира да започне со вакцинирање на децата на возраст од 5 до 11 години.

Повеќето држави се изјаснија дека ќе ја започнат новата учебна година како што е планирано кон крајот на јануари, но Квинсленд, третата најнаселена држава, објави дека ќе го одложи враќањето на училиште за две недели за да им даде време на децата да се вакцинираат.

И покрај епидемијата, политичките лидери наведоа високи стапки на вакцинација во Австралија – повеќе од 90 проценти од луѓето на возраст над 16 години се целосно вакцинирани – за да го оправдаат планот за повторно отворање

Back to top button
Close