Нов земјотрес со јачина од 4.8 во Македонија, потресите се осетија во повеќе градови
Нов земјотрес со магнитуда од 4.8 степени повторно ја стресе Македонија во 15:25 часот попладнево. Земјотресот е со епицентар во Кичево, според интернет сервисот „Earthquake“. Ова е втор земјотрес по јачина, по утринскиот кој беше со магнитуда од 5.0. Попладневниот земјотрес се осети во повеќе градови ширум државата, меѓу кои и Скопје.
Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во земјава е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан, а нови потреси, но со помал интензитет се сосема очекувани, вели за „А1он“ професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.
Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар по првиот најсилен земјотрес, во Македонија бележи уште четири земјотреси со јачина од 2,8 до 3,8 степени според Рихтер.