Нова улица во центарот на Скопје – виолетова улица Bestie

Утрово центарот на Скопје осамна во невообичаено издание. Додека градот се буди и го следи својот вообичаен ритам, нешто изненадувачко се подготвува на улицата „Македонија“, на потегот од Рекорд кон плоштадот „Македонија“. Улицата, барем денеска, доби ново име – улица „Bestie“.

Минувачите во центарот на градот утрово ги дочека виолетова улична табла со новото име на улицата и гламурозно добредојде со необичен виолетов килим. Долж улицата, вниманието на минувачите го привлекуваат убави, охрабрувачки и позитивни пораки кои им се обраќаат на сите девојки и жени.

Според информациите до кои дојдовме, целата сцена е дел од настанот кој денеска, од 12 до 16 часот, го организира dm Македонија, во чест на 28 мај – Денот на менструалната хигиена, во рамки на проектот „Никогаш повеќе сама“.

Во срцето на настанот се поставени три зони за брзо советување со гинеколог, каде што три доктори-специјалисти од Здружението на гинеколози и опстетичари – МАГО, д-р Огнен Богданоски, д-р Антонела Манасиевска и д-р Ивана Наков, обезбедуваат доверливо, брзо и квалитетно советување за сите прашања поврзани со менструалното здравје и хигиена.

Од другата страна на виолетовата улица, минувачите ќе може да креираат фото спомени и да ги споделат на своите профили на социјалните мрежи, со што ќе добијат симболичен подарок за нивната поддршка на настанот.

И секако, тука ќе биде и Bestie – херојот на проектот на dm Македонија и најдобра другарка на секоја жена и девојка. Таа ќе биде присутна за поддршка, многу насмевки и инспирација, но и да ги воведе сите присутни во содржините што таа ги подготви заедно со тимот на dm Македонија.

Настанот е отворен за сите, а улицата „Bestie“ ќе биде активна од 12 до 16 часот. За сите кои поминуваат низ центарот денеска – не пропуштајте да застанете, да побарате совет од гинеколог, да оставите насмевка за Bestie и да си земете подарок, но и да ги прочитате инспиративните пораки. Денеска зборуваме во чест на менструалната хигиена – отворено, достоинствено и со голема поддршка.

 

 

Back to top button
Close