Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград

Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград

На аеродромот Никола Тесла каде што пристигна со лет од Дубаи, го пречекаа многу поддржувачи и околу 30 телевизиски екипи.

Ти се нашиот шампион, извикуваа присутните на аеродромот.

11 дневната сага во Австралија резултираше и со забрана за првиот светски рекет во наредните три години да влезе во земјата, иако не е исклучена можност тој порано да добие право за тоа.

 

Во меѓувреме, за Ѓоковиќ стигнаа и лоши вести од Франција. Министерката за спорт, како што пренесоа француските медиуми, одлучила дека вакцината ќе биде задолжителна за сите спортски настани во земјата, што би значело и дека српскиот тенисер не би можел да настапи на Ролан Гарос.

 

 

Back to top button
Close