Новата песна на Игор Атанасоски – Гуру Харе е со наслов „Бројаница“ (ВИДЕО)

Тивка, емотивна и суптилна „Бројаница“ напиша Игор Атанасоски – Гуру Харе, а овој пат оствари соработка со Тања Тас, пејачка на групата „Темпера“. Песната е со наслов „Бројаница“, и покрај Тања како вокал, учествуваат Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани.

Автор на музиката, текстот и аранжманот е Гуру Харе, кој исто така ги свири гитарите во песната.

Песната е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ на Мите Димовски. Истата е проследена со видеоспот снимен во Градскиот парк во Скопје, а направен од Тања Тас и од 11 јануари може да види на Јутјуб-каналот на Гуру Харе.

Меѓу првите кои можат да го видат спотот се и читателите на „Слободен печат“. Уживајте!

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close