(Обновено)15 дојави за бомби во школи во Скопје: Учениците евакуирани

Откако Министерството за внатрешни работи (МВР) првично информира дека попладнево четири скопски училишта на своите мејл адреси добиле дојави за поставени бомби, оттаму дополнително информираат дека досега заканувачки дојави стигнале до вкупно 15 училишта во главниот град. Се работи за 13 средни и две основни училишта.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите велат од МВР.

Од Министерството посочија дека во дел од училиштата во овој момент се завршени проверките од полициските екипи, при што е утврдено дека дојавите за бомби се лажни. Во останатите училишта, пак, проверките се сè уште во тек.

.

Back to top button
Close