Нови промени во сопственичката структура на Интер
Американскиот инвестициски фонд „Oaktree Capital“ ќе купи 30 отсто од акциите на италијанскиот фудбалски првак Интер, што досега беа во сопственост на „LionRock Capitala“ од Хонг Конг, и за нив ќе плати 275 милиони евра.
Паралелно со ова, „Oaktree Capital“ е подготвен да му помогне со кредит на мнозинскиот сопственик на клубот, кинеската групација „Suning“, со цел да се насминат големите финансиски проблеми, како и да преземе поголема улога во управувањето со Интер, јавуваат денеска италијанските медиуми.
Интер минатата сезона пријави 100 милиони загуба, а само на плати годишно троши 132 милиони евра.
Неодамна кинески сопственици на клубот ги замолија фудбалерите да се откажат од две месечни плати, со што Интер би заштедил 25 милиони евра пред оданочувањето, што играчите го одбија.