Новинарката Марина Овсјаникова осудена на казна од 250 евра
Новинарката која синоќа ја прекина информативната програма во живо на руската државна телевизија во знак на протест против војната во Украина, е казнета од рускиот суд со 30.000 рубљи (250 евра).
Судот ја прогласи Марина Овсјаникова за виновна за непочитување на законот за протести, објави руската државна новинска агенција РИА.