Новиот договор со Лејкерс може да биде последен во кариерата на Леброн

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс одговори на прашањето дали неговиот нов договор со клубот може да биде последен во неговата кариера.

– Да, можеби. Многу веројатно е така. Но, ќе видиме што сè ќе се случи на крајот, ги цитира „ESPN“ зборовите на Џејмс.

Вчера Лос Анџелес лејкерс објавија продолжување на договорот со 39-годишниот Леброн. Според американските медиуми, тој е дизајниран за две години, во кои тој ќе заработи повеќе од 100 милиони долари.

Џејмс стана првиот играч кој постигнал над 40.000 поени во кариерата и е водечки стрелец во историјата на НБА. Вкупно, тој има поминато 22 сезони во лигата

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close